- Најтрофејниот италијански клуб по број на шампионски скудета, Јувентус сезонава не играше во еврокупови што од очајни резултати минатата сезона, што поради финансиски проблеми со УЕФА.
- Јуве пред два месеци беше на само два бода заостаток зад Интер а денес заостанува цели 20 бода колку што не заостанувал зад еден лидер во Серија А цели 30 години!
- Бјанконерите играат очаен, деструктивен фудбал и прашање е како сè уште се при горниот дел на табелата. Тренерот Масимилијано Алегри кој му донесе рекордни пет шампионски скудета по ред на Јувентус, на крајот од сезоната најверојатно ќе биде отпуштен. Со катастрофалните резултати во последно време (4 меча по ред без триумф) доведен е во прашање и до вчера сигурниот пласман во Лига на шампиони следната сезона.
- Јуве го чекаат Лацио во полуфинале на Куп (вечерва од 21:00), па тешки натпревари со Фиорентина и дерби со Торино. Можен наследник на Алегри е Тијаго Мота кој прави чуда со Болоња.
- Со 200 милиони долари од плата во Ал Наср и 60 милиони од маркетинг, Кристијано Роналдо по четврти пат во кариерата е најплатен спортист во светот.
- Најплатените 50 спортисти во последниве 12 месеци заработиле 3,8 милијарди долари, што е за 13% повеќе од ланскиот рекорд, делумно поради парите од Блискиот исток, пишува Форбс. 76% од тие пари ги добиле од плати, бонуси и парични награди.
- Меѓу нив најмногу има од НБА (19), од НФЛ 11, додека фудбалот е на трето место со 8 претставници.
- Зад Роналдо на листата е голферот Џон Рам, а трет најплатен спортист за изминатава година е Меси со 135 милиони.
- Потоа следуваат Леброн Џејмс со 128 милиони долари, Јанис Антетокумбо (111 милиони), Килијан Мбапе (110), Нејмар (108), Карим Бензема (106), Стеф Кари (102). Никола Јокиќ заработил 56 милиони долари и е на 32-рото место, а Лука Дончиќ е 34-ти со заработка од 55 милион долари.
- Македонските ракометни арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани од ЕХФ за финалето на елитната Лига на шампиони. Николов и Начевски ќе го комплетираат неверојатниот круг со арибтража на финале на Светско првенство, Европско првенство, Олимписки Игри и Лига на шампиони.
- На Фајнал Форот во култната „Ланксес Арена“ во Келн за трофејот ќе се борат Магдебург - Алборг и Барселона - Кил. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 9. јуни од 18:00 часот.