Ракомет

Вујо за младите генерации и опсесијата со телефоните

Легендарниот ракометен стратег кажува пример од едно патување во Лига на шампиони, за тоа каква била разликата кај ракометарите кога биле со и без интернет.

Бранче збесна на тајм-аут

Еурофарм Пелистер го совлада Тиквеш во полуфиналето од Купот на Македонија и во финале го чека победникот од дуелот Алкалоид - Вардар. Бранислав Ангеловски не беше задоволен од изданието на своите ракометари. После мечот изјави дека играта им била катастрофална и дека ќе има „рибање“ во соблекувална. Не ги штедеше ниту на тајм аут.

ЕХФ со специјално видео: Чудото во Скопје

Европската куќа на ракометот скоцка убаво видео од прекрасниот перформанс на македонската ракометна репрезентација, која и одржа час по ракомет на Фарски Острови. Го нарекоа историски пресврт и го именуваат како „Чудото во Скопје“.

Испишувањето на ракометната историја на Италија е тесно поврзана со Лино Червар

Развојот на македонскиот ракомет со акцент во Автокоманда, како и нивниот историски успех во Лига на шампиони се должи на учителската осумгодишна лекција која ја добија од „Волшебникот од Умаг“. Но знаете ли дека Лино е човекот кој за прв пат ја однесе Италија на Светско во спорт по кој воопшто не е позната?

Фешта за паметење во соблекувална

Тој што ја отпиша оваа ракометна селекција на Македонија многу погреши, бидејќи момците на Кире Лазаров покажаа карактер и страшен мотив за игра. На поразот од 34:27, на реваншот против Фарски Острови возвратија со 34:26. Одиме на деветто Светско првенство. Еуфоричното славје е заслужено.

Последната акција на Македонија и голот на Пешевски со кој го потврди Светското

На 30 секунди до крај, Македонија имаше предност од +8, односно резултат за Светско, но и напад кој го искористи за да постигне брз гол. Фарски Острови немаше време да возврати со два и погоди за конечни 34:26.

Фарски Острови се изгубија во Борис Трајковски, Македонија оди на Светско

Македонската ракометна репрезентација одигра херојски во бараж мечот за СП и успеа да го анулира високиот пораз од Фарски Острови од 7 гола. Никогаш не ја отпишувајте Македонија.

Дебакл на Македонија, кладилниците беа во право

Светското ракометно првенство 2025-та стана тешко достижно за избраниците на Кире Лазаров. Ќе им треба победа на реваншот од 8 гола разлика.

Како изгледаше дуелот на титаните Хансен - Лазаров

Европската ракометна федерација објави носталгично видео во кое потсеќа на битката на гигантите: Кире Лазаров и Микел Хансен на Европско првенство 2012, мечот меѓу Македонија и Данска кој Данците го добија 33:32 со гол во последна секунда. Лазаров и Хансен двајцата заедно дадоа 25 гола.

Трката за титулата меѓу Вардар и Пелистер, но и Охрид

Завршницата во плејофот од Супер лигата во ракомет, станува супер интересна. Ѕирнете ги табелата и распоредот до крај. Три екипи се во игра за титулата и на никој нема да му биде лесно.

Два јапонски специјалитети на релација Јасухира - Лазаревски

Покрај тоа што го заврши мечот како прв стрелец со 6 гола, исто колку што даде Нејц Цехте од Еурофарм, Косуке Јасухира се истакна и со две феноменални асистенции кои се издвоија на мечот и тоа и двете до Милан Лазаревски. Инаку Вардарци го добија дербито против битолчани со 24:20 и математички останаа во игра за титулата.

Жешко хрватско дерби, ракометар на Вујо го легна делегатот на земја

По чудното турско финале во Супер Купот кое заврши по само 1 минута фудбал, уште една пресметка не го дочека својот крај. Се работи за ракометна која беше прекината поради напад врз службено лице.

Микел Хансен става крај на кариерата

Најдобриот дански и еден од најдобрите светски ракометари, Микел Хансен (36) соопшти дека летово по крајот на актуелнава сезона ја завршува својата кариера.

Него ЕХФ сака да ви каже нешто

Во купот вести, голови и атракции од пребогатиот ден со фудбал, налетавме изненадно на една тазе ракометна објава на ЕХФ на социјалните мрежи. Се работи за клубот 1.000 во Лигата на шампионите, каде и натаму кралот се вика Кире Лазаров со неверојатна цифра од скоро 1.500 гола гола во Лига на шампиони. Никола Карабатиќ заостанува со 288 погодоци. Кој знае кој и кога ќе ја стигне нашата најголема ракометна легенда.

Со Вујо никогаш не е досадно

Легендарниот црногорски стратег, кој во три наврати го водеше Вардар и еднаш Македонија, со нова релаксирана изјава во пресрет на Нексе во топ 8 фазата од Лига Европа.

Падна и смеење на жрепката за ЕП, Србија ја извлекоа со Косово

Македонија доби противници по мерка за квалификациите за ЕП 2026. На Србите пак мораа да им го поништат првото извлекување, па им успеа од втора мајка.

Како изгледа патот на Македонија до осмото Европско во низа?

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за новиот квалификациски циклус за ЕП 2026. Лазаров е задоволен од ждрепката, но смета дека на треба да се потценат двете селекции против кои треба да ја оправдаме фаворитската улога.

Ако може Пранди, може и Наталија

Проектилот на Елохим Пранди во финалето на ЕП меѓу Франција и Шведска беше хит број на турнирот во Германија и една од најголемите реткости во ракометот. Го повтори чешката репрезентативка Наталија Кухова на квалификацискиот дуел за ЕП 2024 против Холандија.

Голман на Алкалоид направи лудачки слалом и постигна гол од игра

Пазете ја ситуацијава во кадетскиот шампионат на Македонија. Алкалоид останува со двајца ракометари во игра плус голманот, а Еуфорам Пелистер го има цел тим. Голманот Ѓорѓи Николовски прима топка од центар, прави дар мар и им дава гол во финишот од средбата. Цела екипа му се фрли внатре во гол, за храброста и дрскоста против битолчани.

Соло мајсторија на Кристјансон за победа против Барселона пред звукот на сирената

Ако некој подзаборавил кој беше МВП на ланското финале од ЛШ во Келн нека го види финишот од дерби пресметката меѓу актуелниот првак на Европа, Магдебург и европскиот првак од 2022-ра, Барселона. Готов беше мечот да заврши без победник бидејќи истекуваа последните секунди, но феноменалниот Гисли Кристјансон ја презеде одговорноста и го торпедираше Де Варгас за победа и делирум во салата. Барселона и Магдебург се на прва и втора позиција во група со идентичен скор од 11 победи и 2 порази.

Цепелин на Целје кој Митревски го скроти со блескава одбрана

38-те години на голманот на Македонија се само бројка во неговата лична карта. Рефлексот му работи како да е 10 години помлад. Порто го совлада Целје во ЛШ 32:30, а Митревски беше феноменален со 14 интервенции од кои една инспиративна и за ЕХФ.

Голот на Кузмановски трет најдобар на колото во Лига на шампиони

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски е на листата од пет најатрактивни голови во 12. коло од ЕХФ Лига на шампиони. На гостувањето кај Кил каде Пелистер загуби 29-23, Кузмановски постигна прекрасен погодок.

Раул Гонзалес: Среќен сум и горд што бев во Вардар и македонската репрезентација

„Кога пиеме кафе со Чупиќ и Дибиров, зборуваме секогаш за Вардар бидејќи за нас тоа беше најважното“, вели незаборавниот стратег на вардарци, кој секогаш кога доаѓа во Македонија се чувствува како дома.