Off Topic

Ако кравите ти се проблем, проблемот ти е во главата

Наместо природното месо, треба да јадеме вештачко месо, произведено од компании во кои тој има инвестирано. Поради својот дигестивен систем, кравите испуштаат многу метан и затоа време е да ги замениме, смета Бил Гејтс. За тоа што со државно спонзорираниот индустриски тероризам наречен дигање во воздух на Нордстрим, во атмосферата беа испуштени 478.000 тони метан, никому ништо.

Не мораше баш и ова да го знаеме

Зомбија, walking dead, undead... многу корисен и користен концепт за хорор филмови на стравот и ужасот. Рационалното во нас сепак победува на крајот па човек си ја смирува фуфката пошто знае дека е тоа невозможно и надвор од секаква реалност. Aма по некое време налетуваш на видео во кое невро-паразит може да пушти мртва бубашваба во погон откако ќе загосподари со нејзиниот мозок. Некој нека демантира, плиз!

Пред првомајските празници во Кина

Железничката станица во Хангџоу пред првиот ден од првомајските празници во Кина. Се очекува дека за празникот железничката мрежа на земјата ќе ја искористат 144 милиони жители. Кина годишно има вкупно 11 неработни денови заради државни празници.

Седете си МНР, за што сме ние тука?

Во каква ситуација биле Македонци кои аплицирале за работа некаде низ европските институции. Барале македонски јазик? Аха, важи. Државјанството пак, го немало под „М“ ама ниту под „Н“. Ама затоа, можело да се  најде под букавата „О“. Од кај па сега „О“? Ќе видите. Цел онолкав МНР, со она умислено конте Османи на чело, а за базични правдини мора да пишуваш писма и сам да ја аутсорсираш македонската дипломатија.

Кој е Томо Жезнати?

Томо Жезнати, познат сениор девелопер и експерт за Линкукс, им се пожалил на луѓе дека заради брзиот развој на вештачката интелигенција има останато без работа и професионален ангажман и дека поради тоа е принуден да работи како професионален моторџија и модел за песни. Сакајќи да ја проверат неговата работна биографија, луѓето за помош се свртиле кон ЧетГПТ. Еве што има тој да каже за Томо.

Револуционерка, од новите

Про-палестинска студентска активистка од Колумбија, универзитет од престижната Ајви лига, крем дела крем од кој се регрутираат идни сенатори, судии, корпоративни ЦЕО-а... Насекирана да не дехидридраат. - Сакате да сте револуционери ама владата да ви носи храна? - Не да ни носи, туку да не ја блокира. - Ви ја блокирала ли до сега? - Не, ама сакаме гаранции.

Мамо ма?

Тој е со мотор, мајка му со автомобил, се разделуваат и мајка му му вика да вози внимателно затоа што секакви идиоти има. Вози тој со моторот и си повторува дека мајка е во право, дека стварно секакви идиоти возат наоколу.... И, оп, ете ја пак мајка му!

Пит стоп е за шмизли

На почетокот на 20 век, кога се тркаше меѓу градови, механичарите се возеа во колата, за да можат на лице место „да ја чепнат“ ако треба. Откако е воведен пит стоп на кружните трки, екипите кои ги освежуваат болидите имаат постигнато фантастичен напредок во брзината. На другиот крај на светот (ако Холивуд е Боливуд, ова е Бормула 1) на некои екипи не им треба ни пит, ни стоп.

Кога Страмер го пушташе Шабан

Нема што многу да се каже за следнава ситуација освен што е многу нестварна и надреална. Елем, Џо Страмер едно време држи радио емисија на BBC наречена „London Calling“, по тој лудо добар албум на Клеш. Завршува песна од Корнершоп (Good to be on the road back home again) па Страмер ќе каже: „А сега сакаме да ви пуштиме нешто екстремно интересно“. И го пушта Шабан Бајрамовиќ!

Кога Њујорк тајмс беше против разновидноста

Не е така одамна како што би помислиле. Во текст од август 2007 Тајмс забележува дека периодот станало се помодерно да се зборува за расна и етничка разновидност, но како контра-аргумент на таквото помодарство нуди студија на политикологот од Харвард, Роберт Путам, во која учествуваат 30.000 луѓе низ САД.

Колкава е разликата меѓу милион и милијарда?

Да, голема. Но, поголема е отколку што се чини на прв поглед. Ако милион секунди се 11 дена, милијарда секунди се - 32 години. Контрастите се секогаш уште повпечатливи кога во прашање се парите: кога некој би ви давал по 100.000 долари секој ден, што мислите, колку време би било потребно за да станете богат колку Илон Маск и да имате 180 милијарди долари? Ама, еве 7024-та кај е.

Нешто не им е денот на израелските службени возила

Во рок од два дена возниот парк на министрите на израелската влада останува без две возила. Прво, ултра-десниот министер за внатрешни работи Бен Гвир се тубмаше во градот Рамле, а еден ден подоцна возилото на министерот за образование Хаим Битон прави сообраќајка. Во моментот во возилото се родителите на министерот, но не и самиот министер.

Имотниот лист на рускиот заменик министер за одбрана

Деновиве во Москва беше уапсен Тимур Иванов, руски заменик министер за одбрана и еден од најблиските луѓе на Шојгу. Иванов падна за примање мито „со посебно голем обем,“ наводно некои си 100 милиони долари. Според руски медиуми ова му е вилата и само таа чини околу 21 милион долари, плус има стан во центарот на Москва од 317 метри квадратни.

Сè што не ви е јасно за пљачкосувањето продавници низ Калифорнија

Либералните политики кои ги воведуваат калифорниските законодавци дозволуваат од продавница да украдеш производи во вредност од 949 долари и за тоа да не одговараш. И сумата е ограничена на една кражба, на една локација, после тоа се ресетира, што значи дека дента можеш уште десет пати да крадеш до 949 долари (вклучително и во истата продавница) и пак да не одговараш.

Мој ЕУ галебе

Во едно крајбрежно белгиско гратче неодамна бил одржан европски натпревар во имитирање галеби. Се пријавиле 50-тина натпреварувачи а жирито било составено од орнитолози, биолози и други природонаучници кои вредно слушале и оценувале како овие врескаат и квичат. Победник е еден мисир од Холандија.

Допрва ќе има вакви работи

Американскиот претседател потсети дека лани издејствувале ослободување на 4 годишната Абигеил која била држена во заложништво на Хамас. Па се сликаше со малата срцка и вети дека ќе се работи на ослободување на сите преостанати заложници. Све фино тоа. Само што, постои еден програм кој анализира дали една слика е автентична или е генерирана од вештачка интелигенција.  

Добро е да си пратеник, уште е подобро да си ЕУ пратеник

Хрватски новинари седнале да пресметаат колку е плата на хрватските пратеници во ЕУ парламентот и има што да видат. За почеток јал-не јал 10.000 евра месечно, а сè е плус на тоа. Да, и они имаат патни трошоци. Ако си умен и не направиш ептен некоја беља, мандатот трае 5 години.

Мораше ли да го видиме ова?

„Крекхед Барни“ ви е нешто како Саше Политико (пред да попие воспитна), атеншн хор што оди наоколу со телефон и малтретира. Нејзиниот хистеричен глас го запознавме во ситуацијата со Алек Болдвин (види „Колку трпи Алек Болдвин“) кога го напнуваше да каже „Слободна Палестина!“. Ама оној садо-мазо Пирс Морган мораше да ја викне во емисија! А ние па моравме да кликнеме, кликот да ни се исуши!

Атина стана портокалова

Атина деновиве изгледаше како да си и ставил портокалов филтер откако беше зафатена од песочна бура што премина од карши од Африка.  Пост-апокалитичната снимка беше дополнета со преполнети болници со Атињани кои се жалат на проблеми со дишење, кашлање и болки во градите.

Австралија, мора ли толку глупо?

Австралија тргна накај Орвеловата 1984 за време на пандемијата и упорно гази натаму. Ви ја покажавме сенаторката која би да го уапси Илин Маск, но орото го води нивниот премиер. Пазете каков дунстер е тоа: Икс морал да цензурира зашто и тој лично видел слики од своја глава ставени на други тела. Видел меме или фотомонтажа, ви текнува? Кај ли учел тој лидершип, во Северна Кореја?

Светлина во забавена снимка

Не е нов пронајдок ама уште ни е фасцинантен. Стадардна филмска камера снима 24 фрема во секунда. На МИТ имаат развиено камера со - пазете- трилион фремови во секунда! Практично, снима како се движи светлината: движење на фотони во една нано секунда, го развлекува во 20 секунди. Да снима куршум како пробива јаболко, снимката би траела година дена.

Каде ти со таа „оземпик фаца“?

Пластични хирурзи предупредуваат дека Холивуд го зафаќа криза на „Оземпик фаца“, карактеристична за брзо слабеење за кое е заслужен Оземпик, лекот за дијабетес (кој го има креирано ќерката на Лазар Мојсов, висок комунистички функционер од Македонија). Не е само Холивуд туку е глобална манија: на ТикТок има 86.700 видеа тагирани со „оземпик.“ Каква е оземпик фацата? Скоро како кај Рацин: „веѓи паднаја надолу и усти се свија кораво“.

Што сè нема да прават некои мажи, само дома да не седат

Оние кои имаат јаки раце, одат па се буткаат на раце. Оние кои имаат јаки нозе, одат па се тркаат со точаци. Оние кои имаат јаки лакти, напредуваат во кариерите. Што прават оние кои имаат јаки уши? Сега ќе видите. Ама па добро, на овие јадници кога им горат ушите, барем знаат дека не е од тоа што некој ги зборува.

Колку трпи Алек Болдвин?

Нема поголема офтика од оние активисти кои мислат дека во секој момент и на секое место, другите треба да се произнесат по нивната кауза. Такви беа БЛМ, такви беа шарените кои грдеа луѓе седнати на кафе додека тие „ни ја ослободуваат државата“ (од 6 до 8 пред СЈО, по што доаѓаа во истите кафичи), таква е и оваа која го начека Алек Болдвин и хистеришеше да каже „Free Palestina“. Ние пократко ќе издржевме од него. 

Џабе работи, џабе не седи

Лана Роудс го напушти порно светот после само 8 месеци откако влезе, но тоа беа ударнички 8 месеци. 8 години позрела, сфаќа колку била глупа и искористена од суровата индустрија, водена од искусни мажјаци кои точно знаеле како да убедат 19 годишна девојка да го направи тоа што сакаат да го направи. На неа имаат заработено милиони а таа била плаќана греота: 1.200 долари по сцена (за малку наместо „сцена“ ќе пишевме “комад“, па ни текна дека некогаш беа повеќе комади). 

Васа-1 најстрашното нешто што излегло од Микрософт, до сега

Да, пак е ВИ, само кај ова страшното е што му давате една слика од човек, и потоа тој ви вади цели видеа со него, на кои зборува што и да му зададете вие. Помалку страшниот дел е што може да направи цел монолог на цртани ликови или ликови од слики. И сето ова го прави со акцент и природни движења.

Службите си работат

Такер Карлсон објаснува како не е важно кој е на власт во Америка и колку се излишни сите оние комитети и комисии за контрола на американскиот разузнавачки апаратус. Службите си работат.

На иранската армија и попушти вентилот

Сè ова наводно е ненамерно. За време на некоја локална воена парада во Иран, на водениот топ му се активираше баш страничниот топ, баш кога минуваше покрај бината со функционери и офицери. Нема информација што казна попил топџијата.

Дупчето во швајцарското ноже

Главно јасни се сите тие додатоци во фамозното швајцарско армиско ноже и за што служат. Некои за сечење, има тука отворач за конзерва, отворач за тапи, турпија, ножички... Но, на едно од ножињата има и едно дупче за кое не бевме сигурни за што е. За шиење да ти било. Еве како се користи.

Един оргазам в две глави

Озборнови ја коментираат веста за оној што се ожени со сијамски близначки. Откако дознаа дека имаат две глави ама останатите органи ги делат, вклучително и оние долу (Ози: Што, едно комплетче?), следуваат урнебесно нормални и здраворазумски прашања: Дали мажот има право да ѝ стави перница на глава на онаа другата и пред сè, кога ќе дојде време за оргазам, на која ѝ следува? Луда, прекрасна фамилија.