Забава

Да се потсетиме?

Ако идните генерации не испаднат уште поголеми овци од нас (а натаму е тргната работата), гледајќи ја ова видео компилaција од ерата на пандемијата, ќе си помислат дека ние сме биле најголемите бруки во историјата. Но, ако сепак испаднат поголеми овци од нас, ќе го изгледаат видеото и ќе si речат, блазе си им, колку лабави биле тогаш.

Нема идеја која не може да се просељачи

Како што самиот интернет спонтано „се избугари“ па од нешто кое ти дава пристап до речиси цело светско знаење се сведе на скролање по сè побанални содржини или кавги на социјални мрежи, така неславно заврши и „порталот“ меѓу Даблин и Њујорк, кој даваше шанса да ги видиш и да те видат оние од другата страна на океанот. Уште окцата не трепнаа, надлежните решија да го затворат порталот заради непримерно однесување. 

Да фатеа да тресат теписи, немаше да им треба ова

Кратко инфо за еден модерен тренд за ослободување од гневот кој ни се собира во секојдневието а се трпи заради општествените кочници. Не е менаџирање на гневот туку негово истресување: врескаат колку што ги држи глас и маваат со стапови по земја додека „коучот“ ги храбри „удри! удри!“ После тоа се осеќале блажено испразнето и биле спремни да се свртат кон порадосни содржини. Значи исто како после тресење теписи.

Џон Клиз ѝ направи незгодно на Тејлор Свифт

Двајцата се гости кај Грем Нортон, Клиз раскажува за табиетот на неговата покојна мајка која имала одлична смисла за хумор, стално се изненадувала што е нешто депресивна во последно време а синот едно време ѝ понудил и решение за тоа. Колку е Клиз урнебесен во својот црн хумор, толку е забавно да се посматра Свифт на која веројатно не ѝ е јасно кој е овој чичко и како може такви работи да кажува на телевизија.

Ех, да може абортус, ама ретроактивно

Суштеството се смета за транс-активист и верува дека е заробен во погрешно тело (зошто некогаш не помислуваат дека можеби се заробени во погрешен ум?). Сака да му се монтира комплет женски репродуктивни органи (матка, јајници, јајце клетки, шоидатреба) но не за да може да роди туку за да може да абортира?! Оти па така лесно ќе најде некој кој ќе сака да го забремени.  

Ќе се тепале они со Русите

Елитната воена авијација на Франција да ти била на дереџе на македонскиот владин ПР кој изминативе години не може знаме на странски гостин да погоди. На пречекот на олимпискиот оган на парада во Марсеј на која се собраа 150.000 луѓе, авионите ги испомешаа боите па го утнаа знамето на Франција. Ај што го утнаа своето, туку што го исцртаа руското знаме.

Колкава е разликата меѓу милион и милијарда?

Да, голема. Но, поголема е отколку што се чини на прв поглед. Ако милион секунди се 11 дена, милијарда секунди се - 32 години. Контрастите се секогаш уште повпечатливи кога во прашање се парите: кога некој би ви давал по 100.000 долари секој ден, што мислите, колку време би било потребно за да станете богат колку Илон Маск и да имате 180 милијарди долари? Ама, еве 7024-та кај е.

Мој ЕУ галебе

Во едно крајбрежно белгиско гратче неодамна бил одржан европски натпревар во имитирање галеби. Се пријавиле 50-тина натпреварувачи а жирито било составено од орнитолози, биолози и други природонаучници кои вредно слушале и оценувале како овие врескаат и квичат. Победник е еден мисир од Холандија.

Мораше ли да го видиме ова?

„Крекхед Барни“ ви е нешто како Саше Политико (пред да попие воспитна), атеншн хор што оди наоколу со телефон и малтретира. Нејзиниот хистеричен глас го запознавме во ситуацијата со Алек Болдвин (види „Колку трпи Алек Болдвин“) кога го напнуваше да каже „Слободна Палестина!“. Ама оној садо-мазо Пирс Морган мораше да ја викне во емисија! А ние па моравме да кликнеме, кликот да ни се исуши!

Каде ти со таа „оземпик фаца“?

Пластични хирурзи предупредуваат дека Холивуд го зафаќа криза на „Оземпик фаца“, карактеристична за брзо слабеење за кое е заслужен Оземпик, лекот за дијабетес (кој го има креирано ќерката на Лазар Мојсов, висок комунистички функционер од Македонија). Не е само Холивуд туку е глобална манија: на ТикТок има 86.700 видеа тагирани со „оземпик.“ Каква е оземпик фацата? Скоро како кај Рацин: „веѓи паднаја надолу и усти се свија кораво“.

Што сè нема да прават некои мажи, само дома да не седат

Оние кои имаат јаки раце, одат па се буткаат на раце. Оние кои имаат јаки нозе, одат па се тркаат со точаци. Оние кои имаат јаки лакти, напредуваат во кариерите. Што прават оние кои имаат јаки уши? Сега ќе видите. Ама па добро, на овие јадници кога им горат ушите, барем знаат дека не е од тоа што некој ги зборува.

Един оргазам в две глави

Озборнови ја коментираат веста за оној што се ожени со сијамски близначки. Откако дознаа дека имаат две глави ама останатите органи ги делат, вклучително и оние долу (Ози: Што, едно комплетче?), следуваат урнебесно нормални и здраворазумски прашања: Дали мажот има право да ѝ стави перница на глава на онаа другата и пред сè, кога ќе дојде време за оргазам, на која ѝ следува? Луда, прекрасна фамилија.

Студио, каде не се разбираме?

Гостин на CNN, на водителката ѝ кажува дека постојат само две работи во кои апсолутно верува. Во првиот амандман (слободата на говорот) и во - цицки. Јако е колку пати нејзе не ѝ се верува дека го слушнала тоа што го слушнала па потпрашува да не не рекол случајно цицки туку грицки или мицки. А најјако е колку пати е он спремен да ѝ повтори точно кои две работи никогаш не го изневериле.

Веган со кликер

Знаете дека не сме баш фанови на тревопасната исхрана ама дечково шампионски победи во аргументацијата. - И животните јадат други животни, почнува новинарката. - Да, ама 75% од нив се тревопасни. Тука таа прави навидум стандардна и добра забелешка, не сфаќајќи дека си прави замка: - Ама лавот кога ја јаде зебрата? Така ли? Елај да чуеш зошто не си баш лавица. 

Во Битола би го викале Репликата

Имаме објавено разни пакетчиња од Цане Патрибрејкерс, дечкото кој е енциклопедиски пример за лежерно куроболие. Ова е мало и слатко видео пакетче. „Дали би отворил концерт на Цеца?“ прашува новинар кој e убеден дека е јако оригинален. Цане го сослушува прашањето и на попот кој седи до него, му вика: Попе, за овој да се појачаат молитвите.

Шпанските војници го хакнаа новото време

Како што кај нас се пишуваат што и да треба според балансерот, така шпанските војници го сконтаа упадот на транџите во женскиот табор и сфатија дека женските војници имаат поголема плата, подобро сместување, поголеми пензии... Капак на победата е што откако ќе се изјаснат како жени, можат да си ги задржат брадите пошто ако порано важеше „жену дупе краси а торту ораси“ по ново е „не гаси ми мушку наду, пуштај бркове и браду.“

Една е мајка

Луд хилбили ја шеба мајка му правејќи в кола невидена сцена и кавга со замислен противник. Две главни причини има за нашата препорака да го видите ова: прво, реднекот е апсолутно фантастичен како го изведува тоа (со душманот кој демек седи позади, го текне за коса, го мава од волан) и второ, уште поважно, да го видите крајот. 

Проблем во клубот на дебелите квирови

Сувоњав дечко упаѓа на онлајн состанок ама му кажуваат дека тоа е клуб на дебели квирови. Нема проблем, баш за тука сум, пошто сум квир и дебел. Ништо не им е јасно па им објаснува дека не само што е нон- бајнари кој преферира да му се обраќаат со he/them, туку и се идентификува како лице кое има 124 кила. Да беа паметни колку што се дебели, ќе сконтаа дека тролот ги лупа баш со нивното оружје за „самоидентификација“. 

Време е да престанете да им верувате на своите очи и уши

Додека ние остануваме тие па тие, вештачката интелигенција нема попаметна работа туку да учи и да се надградува себе. Имаме два примера да ви покажеме до каде е моментално стигната работата, со задолжителното „а замислете за пет години“. Првото видео е за тоа како може да се смени готова филмска сцена а второто е уште позаебано, пошто е нај-нај-најнормално. А не е.

Камала фати погрешен ритам

За време на посетата на американската потпретседателка на Порторико, група насобрани граѓани удриле на песна, на шпански. За да им покаже дека го чувствува „вајбот“, Камала Харис фати со плескање раце да држи ритам со песната, сè додека не ѝ објаснија дека распеаните локалци не се одушевени од нејзината посета и дека тоа е протесна песна со која ја тролаат.

Португалија е Балкан

Иако на многу начини прекрасна земја, секој кој бил во Португалија можел да го осети нејзиното не толку дамнешно „сиромашко“ минато (уште имаат дуќани ко кај нас „Ванила“ што беше). Иако нејзината неутралност во Втората светска војна ја поштеди од жртви и рушења, во Португалија првите демократски избори се одржани дури во 1974 година. Асоцијациите не престануваат тука.  

Страшни работи нè чекаат

Ако ова не ве уплаши, тогаш ни од мечка не треба да се плашите. Видео спакувано од оние генератори на видео содржини управувани од вештачка интелигенција. Во случајов кратко интервју со Џозеф Бајден и Барак Обама. На Обама можеби може уште малку да се поработи, ама Бајден е пасент. Е, сега замислете што ќе има за едно пет години и како сите ќе збудалиме.

Генерациски гестови

Можеби немате забележано па ова компаративно видео ќе ви покаже колку се имаат сменето гестикулациите на две различни генерации, оваа денес и онаа што е растена со фиксни телефони, рачки за пенџериња во кола, миење садови... Миење садови? Да.

Да си зобате и да не се закачате

Кратка ама мрсна лекција за сите оние кои се убедени дека се хранат здраво ама тоа некако не им е доволно да бидат среќни па ги дрват оние другите трошејќи им го времето во убедувања дека грешат. Добро, со оглед на тоа дека се хранат како гулаби, јасна е таа нивна постојана нервоза и напнатост. А за другиве, да, свињи се. А со кој организам е посличен нашиот, со оној на свињата или со сончогледот?