Разно

Овие ако ја спукаат нема да има кај да бегаме

Едно од крвните ривалства на планетава кое за цело чудо со децении нема еруптирано е меѓу Кина и Индија. За ова помага и еден договор меѓу двете држави од 1996 кој забранува користење оружје од граничарите од двете страни на границата.

„Не бидете слаби и геј“

Валентина Гомез е републикански кандидат за позицијата државен секретар на Мисури. Слоганот ѝ е „Жена со мисија“ и својата главна порака ја испорача додека џогира и тоа со натнат панцир на неа. „Во Америка можете да бидете што сакате. Не бидете слаби и геј, останете ебено јаки“. Добро ма Вале, а што ако некој сака да биде слаб и геј?

За овие пари во Дебар маало не можеш да купиш стан од 60м2

Американец од Калифорнија оди во Јапонија да разлгеда што има недвижност да се купи и кои се цените во споредба со баснословните суми што ги бараат кај него дома. Куќата му излегува некаде 835 долари / м2, без да смета и дворот што е влезен во цената.

Ненормална работа

Луда презентација на способностите на ВИ агентот на Гугл. Пушташ камера во канцеларија и го прашуваш дали гледа нешто што прави звук. Ти покажува звучник. Знае да ти опише кодови, да ти го оптимизира серверскиот сетап нацртан на табла. Вртиш камера преку џам и го прашуваш, во кое маало сме? Ти кажува. На крај го прашуваш да не ти ги видел некаде наочарите? На маса ти се, до јаболкото.

Даночна математика

Велат дека во Америка мора само да умреш и да платиш данок. Првото останува фикс, а ова второво е прилично флексибилно и зависи колку си способен да ги заобиколиш правилата. Ворен Бафет и неговиот мултинационален конгломерат Беркшир Хетавеј плаќаат пет милијарди данок. Стариот вика, ако најголемите 800 компании поштено го платат својот, ниеден Американец не би морал да плати ниту цент федерален данок.     

Олимпијците ќе спијат на анти-секс кревет

Во објектите во кои ќе бидат сместени спортистите за Олимписките игри во Париз пристигнале анти-секс креветите (користени и на ОИ во Јапонија 2020 година), чиј дизајн треба да ги одвратат Олимпјците од идејата и тие да го паметат Париз како „град на љубовта.“ Исклучително се мали и двокомпонентни, да не можат да се спикаат двајца во еден кревет, а велат и дека се направени да се срушат под тежина на двајца луѓе. Ама, не е важно да се победи, важно е да се проба.

За градежници само вакви инспекции треба

Казахстански градоначалник објавил тендер за поставување на тротоар, веројатно најдобрата понуда го добила тендерот и тротоарот е направен. Сè како што треба по книга. Откако е направен, активисти креваат галама и му предлагаат на градоначалникот и градежникот, да го пробаат тротоарот со инвалидска количка. За чисто чудо овие прифаќаат.

ВИ муштеријата секогаш е во право

Вака ќе изгледа иднината во многу подрачја, на пример во бизнисот, во одделите за помош на корисници и слично. Ќе си прават муабет две вештачки интелигенции и 'човечки' ќе се разберат. На твоето ВИ алтер его му го објаснуваш проблемиот со новиот Ајфон, се врти телефон кај што треба, се јавува друго 'лице' надлежно за проблемот и се наоѓа чаре.

Од војска не можеш да се вратиш, од затвор можеш

Пратеничка на украинската Рада, Ана Скороход, зборува за новиот бран на ситни кражби кој ја зафаќа земјата извршени главно од мажи на возраст за служење војска.

Не плачам јас, ти плачеш на денот

Матиас Штајнер е германски репрезентативец во кревање тегови кој учествува на Олипијадата во Пекинг 2008. Една година претходно сопругата на Штајнер е тешко повредена во сообраќајка, пред да почине тој ѝ ветува дека на Олимпијадата во Кина ќе освои злато за неа. Има три обиди.

Седуммина се удавија во руски „Дурмо“

Камери во Санкт Петерсбург го фатија моментот кога патнички автобус, од нигде никаде почна да се движи нелогично и без контрола, зафати неколку коли и преку мост се преврти во река. Брутален капитализам е причина за трагедијата. Сопругата на шоферот (кој преживеал) кажа дека после 20 часа возење, ГАЗДАТА му рекол дека мора да одработи и утринска смена. А газдата веќе имал 23 казни. Таквиот капитализам, неговите апостоли го бранат со идиотизмот „вежи коња где ти газда каже“. Ете како завршува тоа.

Изборно цепидлачење

Избирачката комисија на Џорџија малку подзанеме кога разбра дека во еден тамошен округ, 3.000 гласачки листови од изборите во 2020 година биле двапати скенирани. Е, добро, де, што се три илјади гласови во купчето? Да де, само што во купчето недостасуваат скенови од вкупно 380.761 гласачко ливче! И покрај сè, комисијата процени дека не е потребна дополнителна истрага на таа тема.

Испрашувачка школа на Пирс Морган

На еден добар дел од македонските новинари, гостинот на кој му поставиле прашање може да почне да одговара што му е курцу воља пошто новинарот веќе зјапа во белешките (за да се потсети која му е следна тема/прашање). По некое време ќе го каже легендарното „за жал, имаме уште многу теми а времето ни е кратко“ и ќе продолжи. Кај Пирс Морган не оди тоа така. Тој кога ќе нагази некого, како Тајсон да го стерал в ќош и мава, мава...

Џо Роган немаше појма ама беше во право за вакцините

Со доволна дистанца од целата неподнослива галама околу ковидот и вакцините, Крис Куомо, во тоа време еден од главните ликови на Си-ен-ен признава дека Роган излегол во право околу вакцините и посебно ивермектинот. Неговото алиби е - кој да знае тогаш.

 

Луѓето се товар

На една страна е Илон Маск кој алармира дека намалениот наталитет е веројатно клучниот проблем на нашата цивилизација. Од друга страна се моќни кругови; Светски економски форум, Бил Гејтс.. или еве го ЦЕО-то на Блекрок кој вика дека меѓу земјите во развој, големи победници ќе бидат оние држави чија популација ја снемува бидејќи таму, види мајката, ќе биде полесно луѓето да се заменат со машини.

Буковски кај Пиво

Починал Бернар Пиво, познатиот француски новинар кој водеше култни емисии за книжевност и едно време беше прв човек на академијата Гонкур. Да потсетиме на еден епски момент, кога гостин му беше Чарлс Буковски, направен гипс. - Што не му сипавте вода? - ги прашува Пиво луѓето од неговата екипа.  - Си носи тој свои шишиња, му одговараат овие.

Сем Алтман за 4-ката

По зборвите на првиот човек на ОпенАИ, Чатгпт 4, актуелната верзија на ВИ ботот на компанијата, е најглупиот модел на Чатгпт што некогаш ќе го користите „Чатгпт не е феноменален, во најдобар случај е благ резил.“

Со воз од Сингапур до Португалија

Тоа е најдолгата железничка рута на светот, 19.000 километри. Се минуваат 15 држави, од врелините на Индокина до сибирскиот студ. Ова е првата етапа од патешествието на љубопитниот Ив Бесеровац од Белград кое тој очекува да трае вкупно 40 дена. Да проаѓал низ Македонија, ќе требало да додаде уште неколку денови.

Ако кравите ти се проблем, проблемот ти е во главата

Наместо природното месо, треба да јадеме вештачко месо, произведено од компании во кои тој има инвестирано. Поради својот дигестивен систем, кравите испуштаат многу метан и затоа време е да ги замениме, смета Бил Гејтс. За тоа што со државно спонзорираниот индустриски тероризам наречен дигање во воздух на Нордстрим, во атмосферата беа испуштени 478.000 тони метан, никому ништо.

Пред првомајските празници во Кина

Железничката станица во Хангџоу пред првиот ден од првомајските празници во Кина. Се очекува дека за празникот железничката мрежа на земјата ќе ја искористат 144 милиони жители. Кина годишно има вкупно 11 неработни денови заради државни празници.

Револуционерка, од новите

Про-палестинска студентска активистка од Колумбија, универзитет од престижната Ајви лига, крем дела крем од кој се регрутираат идни сенатори, судии, корпоративни ЦЕО-а... Насекирана да не дехидридраат. - Сакате да сте револуционери ама владата да ви носи храна? - Не да ни носи, туку да не ја блокира. - Ви ја блокирала ли до сега? - Не, ама сакаме гаранции.

Нешто не им е денот на израелските службени возила

Во рок од два дена возниот парк на министрите на израелската влада останува без две возила. Прво, ултра-десниот министер за внатрешни работи Бен Гвир се тубмаше во градот Рамле, а еден ден подоцна возилото на министерот за образование Хаим Битон прави сообраќајка. Во моментот во возилото се родителите на министерот, но не и самиот министер.

Имотниот лист на рускиот заменик министер за одбрана

Деновиве во Москва беше уапсен Тимур Иванов, руски заменик министер за одбрана и еден од најблиските луѓе на Шојгу. Иванов падна за примање мито „со посебно голем обем,“ наводно некои си 100 милиони долари. Според руски медиуми ова му е вилата и само таа чини околу 21 милион долари, плус има стан во центарот на Москва од 317 метри квадратни.

Сè што не ви е јасно за пљачкосувањето продавници низ Калифорнија

Либералните политики кои ги воведуваат калифорниските законодавци дозволуваат од продавница да украдеш производи во вредност од 949 долари и за тоа да не одговараш. И сумата е ограничена на една кражба, на една локација, после тоа се ресетира, што значи дека дента можеш уште десет пати да крадеш до 949 долари (вклучително и во истата продавница) и пак да не одговараш.