- Потрагата на Баерн Минхен за нов тренер трае веќе неколку недели откако клубот соопшти дека споразумно сè договорил со Томас Тухел овој да замине на крајот од сезоната поради слаби резултати и пред се слаба игра на тимот.
- Баерн Минхен долго време се поврзуваше со Чаби Алонсо кој прави чудесни резултати со Баер Леверкузен и е на праг да им ја земе шампионската титула, но сега од Германија пристигнува друга вест.
- Наводно Баварците биле сериозни во намерата да се договорат со младиот италијански тренер Роберто Де Ѕерби кој со голем успех го води англиски Брајтон.
- 44-годишниот Де Ѕерби покажа голем потенцијал во Сасуоло, потоа се докажа и во Шахтјор Доњецк а класата ја потврди во Брајтон со кого се избори и за историски настап во еврокупови. Излезната клаузула наводно е 10 милиони евра колку што Баерн ќе треба да му плати на премиерлигашот Брајтон.
- Со 200 милиони долари од плата во Ал Наср и 60 милиони од маркетинг, Кристијано Роналдо по четврти пат во кариерата е најплатен спортист во светот.
- Најплатените 50 спортисти во последниве 12 месеци заработиле 3,8 милијарди долари, што е за 13% повеќе од ланскиот рекорд, делумно поради парите од Блискиот исток, пишува Форбс. 76% од тие пари ги добиле од плати, бонуси и парични награди.
- Меѓу нив најмногу има од НБА (19), од НФЛ 11, додека фудбалот е на трето место со 8 претставници.
- Зад Роналдо на листата е голферот Џон Рам, а трет најплатен спортист за изминатава година е Меси со 135 милиони.
- Потоа следуваат Леброн Џејмс со 128 милиони долари, Јанис Антетокумбо (111 милиони), Килијан Мбапе (110), Нејмар (108), Карим Бензема (106), Стеф Кари (102). Никола Јокиќ заработил 56 милиони долари и е на 32-рото место, а Лука Дончиќ е 34-ти со заработка од 55 милион долари.
- Македонските ракометни арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани од ЕХФ за финалето на елитната Лига на шампиони. Николов и Начевски ќе го комплетираат неверојатниот круг со арибтража на финале на Светско првенство, Европско првенство, Олимписки Игри и Лига на шампиони.
- На Фајнал Форот во култната „Ланксес Арена“ во Келн за трофејот ќе се борат Магдебург - Алборг и Барселона - Кил. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 9. јуни од 18:00 часот.