- Сликата понекогаш лаже, па така иако често може да видиме гневни тренери како киптат од бес поради судиски одлуки, сепак го контролираат нивниот однос кон судиите.
- Така на пример Жељко Обрадовиќ, верувале или не, сезонава не добил ниту една единствена техничка грешка од судиите во цела сезона во Евролига.
- Не добиле ниту Томислав Мијатовиќ (Анадолу Ефес), Пјерик Пупе (АСВЕЛ) и Ти Џеј Паркер (АСВЕЛ).
- Најнервозни очигледно со најмногу технички грешки се Алекс Мумбру (Валенсија) со дури 11, Рожер Гримау (Барселона) со 8 колку што има и ексцентричните Ергин Атаман (ПАО) и Џанмарко Поцеко (додека го водеше АСВЕЛ), Димитрис Итудис (додека го водеше Фенербахче) пет пати добил техничка од судиите, а толку има и Пабло Ласо (Баерн Минхен).
- Со 200 милиони долари од плата во Ал Наср и 60 милиони од маркетинг, Кристијано Роналдо по четврти пат во кариерата е најплатен спортист во светот.
- Најплатените 50 спортисти во последниве 12 месеци заработиле 3,8 милијарди долари, што е за 13% повеќе од ланскиот рекорд, делумно поради парите од Блискиот исток, пишува Форбс. 76% од тие пари ги добиле од плати, бонуси и парични награди.
- Меѓу нив најмногу има од НБА (19), од НФЛ 11, додека фудбалот е на трето место со 8 претставници.
- Зад Роналдо на листата е голферот Џон Рам, а трет најплатен спортист за изминатава година е Меси со 135 милиони.
- Потоа следуваат Леброн Џејмс со 128 милиони долари, Јанис Антетокумбо (111 милиони), Килијан Мбапе (110), Нејмар (108), Карим Бензема (106), Стеф Кари (102). Никола Јокиќ заработил 56 милиони долари и е на 32-рото место, а Лука Дончиќ е 34-ти со заработка од 55 милион долари.
- Македонските ракометни арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани од ЕХФ за финалето на елитната Лига на шампиони. Николов и Начевски ќе го комплетираат неверојатниот круг со арибтража на финале на Светско првенство, Европско првенство, Олимписки Игри и Лига на шампиони.
- На Фајнал Форот во култната „Ланксес Арена“ во Келн за трофејот ќе се борат Магдебург - Алборг и Барселона - Кил. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 9. јуни од 18:00 часот.