- Триесет и три годишниот Милош Ристиќ и 42-годишниот Жарко Чича, искусни планинари од Србија, загинале при искачување на највисокиот врв во Словенија, Триглав (2.864 метри надморска висина). Чича беше еден од најпознатите српски планинари со голем број искачени врвови во Австрија, Германија, Словенија...
- Двајцата планинари биле пријавени за исчезнати во саботата и од тогаш траела опсежна потрага по нив. Спасувачките служби ги пронашле во вторникот и се сомневаат дека паднале во бездна при искачување во текот на првата четвртина преку познатата алпинистичка германска рута и класичниот Чез Праг.
- Се претпоставува дека ги соборила голема лавина, напиша еден нивен пријател на Фејсбук.
- Со 200 милиони долари од плата во Ал Наср и 60 милиони од маркетинг, Кристијано Роналдо по четврти пат во кариерата е најплатен спортист во светот.
- Најплатените 50 спортисти во последниве 12 месеци заработиле 3,8 милијарди долари, што е за 13% повеќе од ланскиот рекорд, делумно поради парите од Блискиот исток, пишува Форбс. 76% од тие пари ги добиле од плати, бонуси и парични награди.
- Меѓу нив најмногу има од НБА (19), од НФЛ 11, додека фудбалот е на трето место со 8 претставници.
- Зад Роналдо на листата е голферот Џон Рам, а трет најплатен спортист за изминатава година е Меси со 135 милиони.
- Потоа следуваат Леброн Џејмс со 128 милиони долари, Јанис Антетокумбо (111 милиони), Килијан Мбапе (110), Нејмар (108), Карим Бензема (106), Стеф Кари (102). Никола Јокиќ заработил 56 милиони долари и е на 32-рото место, а Лука Дончиќ е 34-ти со заработка од 55 милион долари.
- Македонските ракометни арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани од ЕХФ за финалето на елитната Лига на шампиони. Николов и Начевски ќе го комплетираат неверојатниот круг со арибтража на финале на Светско првенство, Европско првенство, Олимписки Игри и Лига на шампиони.
- На Фајнал Форот во култната „Ланксес Арена“ во Келн за трофејот ќе се борат Магдебург - Алборг и Барселона - Кил. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 9. јуни од 18:00 часот.