- Поранешниот прв човек на кинеската фудбалска федерација Чен Јунлан добил доживотна затворска казна поради корупција. Судот во централната кинеска провинција Хубеи го осудил Јунлан и други соработници од фудбалската федерација после повеќемесечна истрага која покажала сериозна корупција.
- Обвинетиот ја искористил својата позиција да им помогне на компании и поединци со кои работел во замена за парични награди. Тој земал околу 10,6 милиони долари мито (77 милиони кинески јуани) во периодот меѓу 2010 и 2023 гдина. Судот ја нарекол оваа сума неверојатно висока.
- Покрај него осудени на затворски казни поради корупција се уште и поранешниот генерален секретар на кинеската фудбалска федерација Чен Јонгланг (14 години затвор), поранешниот потпретседател на фудбалската федерација Жу Хонгчен (13 години затвор) и поранешниот прв човек на кинеската Суперлига Доонг Женг (8 години затвор).
- Во 2012-та поранешниот претседател на Кинеската фудбалска федерација Џи Јалонг па и неговиот наследник Нан Јонг биле осудени двајцата на 10 ипол годишни затворски казни за примање мито и корупција.
- Со 200 милиони долари од плата во Ал Наср и 60 милиони од маркетинг, Кристијано Роналдо по четврти пат во кариерата е најплатен спортист во светот.
- Најплатените 50 спортисти во последниве 12 месеци заработиле 3,8 милијарди долари, што е за 13% повеќе од ланскиот рекорд, делумно поради парите од Блискиот исток, пишува Форбс. 76% од тие пари ги добиле од плати, бонуси и парични награди.
- Меѓу нив најмногу има од НБА (19), од НФЛ 11, додека фудбалот е на трето место со 8 претставници.
- Зад Роналдо на листата е голферот Џон Рам, а трет најплатен спортист за изминатава година е Меси со 135 милиони.
- Потоа следуваат Леброн Џејмс со 128 милиони долари, Јанис Антетокумбо (111 милиони), Килијан Мбапе (110), Нејмар (108), Карим Бензема (106), Стеф Кари (102). Никола Јокиќ заработил 56 милиони долари и е на 32-рото место, а Лука Дончиќ е 34-ти со заработка од 55 милион долари.
- Македонските ракометни арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани од ЕХФ за финалето на елитната Лига на шампиони. Николов и Начевски ќе го комплетираат неверојатниот круг со арибтража на финале на Светско првенство, Европско првенство, Олимписки Игри и Лига на шампиони.
- На Фајнал Форот во култната „Ланксес Арена“ во Келн за трофејот ќе се борат Магдебург - Алборг и Барселона - Кил. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 9. јуни од 18:00 часот.