- Германски Скај Спортс пишува, а британските колеги од истоимениот сајт пренесуваат дека Рубен Аморим, тренерот на Спортинг Лисабон ќе биде нов предводник на Ливерпул во новата сезона.
- 39-годишниот Португалец прави сјајни резултати со Спортинг Лисабон кој со него конечно излезе од децениската сенка на Порто и Бенфика. Аморим на Спортинг му донесе шампионска титула во сезоната 2020/2021 после 20 години.
- „Лавовите“ во моментов се први со 71 бод во португалската лига, четири бода повеќе од второпласираната Бенфика, дури 13 повеќе од третиот Порто и еден меч помалку од нив и се близу до нова шампионска титула.
- Спортинг ќе игра уште и во финалето на Купот на Португалија и ќе има можност за двојна круна.
- Со 200 милиони долари од плата во Ал Наср и 60 милиони од маркетинг, Кристијано Роналдо по четврти пат во кариерата е најплатен спортист во светот.
- Најплатените 50 спортисти во последниве 12 месеци заработиле 3,8 милијарди долари, што е за 13% повеќе од ланскиот рекорд, делумно поради парите од Блискиот исток, пишува Форбс. 76% од тие пари ги добиле од плати, бонуси и парични награди.
- Меѓу нив најмногу има од НБА (19), од НФЛ 11, додека фудбалот е на трето место со 8 претставници.
- Зад Роналдо на листата е голферот Џон Рам, а трет најплатен спортист за изминатава година е Меси со 135 милиони.
- Потоа следуваат Леброн Џејмс со 128 милиони долари, Јанис Антетокумбо (111 милиони), Килијан Мбапе (110), Нејмар (108), Карим Бензема (106), Стеф Кари (102). Никола Јокиќ заработил 56 милиони долари и е на 32-рото место, а Лука Дончиќ е 34-ти со заработка од 55 милион долари.
- Македонските ракометни арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани од ЕХФ за финалето на елитната Лига на шампиони. Николов и Начевски ќе го комплетираат неверојатниот круг со арибтража на финале на Светско првенство, Европско првенство, Олимписки Игри и Лига на шампиони.
- На Фајнал Форот во култната „Ланксес Арена“ во Келн за трофејот ќе се борат Магдебург - Алборг и Барселона - Кил. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 9. јуни од 18:00 часот.