- Голема полициска акција за откривање на наместени фудбалски натпревари имало утринава во Скопје. Неофицијално, МВР и јавното обвинителство од изутрина чешлаат спорна документација.
- По добиени информации и препораки од „Спортрадар“, министерството за внатрешни работи е во интензивна акција за сузбивање на криминалот во фудбалот околу наместените натпревари. „Спортрадар“ е тело на Интерпол и УЕФА чија цел е борбата против наместени натпревари, а вакви акции со години се случуваа во многу земји од регионот но никогаш во Македонија.
- Неофицијално во истрагата се опфатени клубовите Шкупи, Македонија Ѓ.П, Воска, Академија Пандев (Брера), Силекс, како и второлигашите Победа, Арсими. Станува збор за натпревари кои се одиграни во Македонија и домашните натпреварувања оваа и минатата година.
- Дваесет и осум годишниот германски стопер од Борусија Дортмунд многу лесно може да биде продаден. Од клубот наводно не биле задоволни од неговата физичка подготвеност, односно од вишокот килограми.
- Зуле е поранешен фудбалер на Баерн Минхен за кого играше од 2017 до 2022 а за Германија има 49 настапи.
- Тој со 11 милиони евра годишна плата е најскапо платен фудбалер во финалистот на Лига на шампиони, соопштува германски Скај Спорт.
- Со 200 милиони долари од плата во Ал Наср и 60 милиони од маркетинг, Кристијано Роналдо по четврти пат во кариерата е најплатен спортист во светот.
- Најплатените 50 спортисти во последниве 12 месеци заработиле 3,8 милијарди долари, што е за 13% повеќе од ланскиот рекорд, делумно поради парите од Блискиот исток, пишува Форбс. 76% од тие пари ги добиле од плати, бонуси и парични награди.
- Меѓу нив најмногу има од НБА (19), од НФЛ 11, додека фудбалот е на трето место со 8 претставници.
- Зад Роналдо на листата е голферот Џон Рам, а трет најплатен спортист за изминатава година е Меси со 135 милиони.
- Потоа следуваат Леброн Џејмс со 128 милиони долари, Јанис Антетокумбо (111 милиони), Килијан Мбапе (110), Нејмар (108), Карим Бензема (106), Стеф Кари (102). Никола Јокиќ заработил 56 милиони долари и е на 32-рото место, а Лука Дончиќ е 34-ти со заработка од 55 милион долари.