- Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) го објавил службениот попис на судии за 28. коло од хрватската фудбалска лига викендов и за првпат во нивната историја странски судии ќе судат натпревари.
- По големите афери кои избија во хрватскиот фудбал а кулминираа со аферата „ВАР“ кога се открија разговори на судии, хрватскиот сојуз решил натпреварите меѓу најголемите ривали Ријека, Хајдук и Динамо Загреб да ги судат странски арбитри.
- Така дербито утре (сабота) на „Пољуд“ меѓу Хајдук и Динамо Загреб ќе го судат Германци. Главен судија ќе биде Даниел Зиберт (39) кој во кариерата има 13 меча во Лига на шампиони, 16 во Лига Европа и 3 на Европско првенство 2021. Помошници ќе му бидат исто германски судии.
- Хајдук и Динамо играат во сабота во првенство па во среда во полуфинале на Куп. Двата меча се во Сплит.
- Дваесет и осум годишниот германски стопер од Борусија Дортмунд многу лесно може да биде продаден. Од клубот наводно не биле задоволни од неговата физичка подготвеност, односно од вишокот килограми.
- Зуле е поранешен фудбалер на Баерн Минхен за кого играше од 2017 до 2022 а за Германија има 49 настапи.
- Тој со 11 милиони евра годишна плата е најскапо платен фудбалер во финалистот на Лига на шампиони, соопштува германски Скај Спорт.
- Со 200 милиони долари од плата во Ал Наср и 60 милиони од маркетинг, Кристијано Роналдо по четврти пат во кариерата е најплатен спортист во светот.
- Најплатените 50 спортисти во последниве 12 месеци заработиле 3,8 милијарди долари, што е за 13% повеќе од ланскиот рекорд, делумно поради парите од Блискиот исток, пишува Форбс. 76% од тие пари ги добиле од плати, бонуси и парични награди.
- Меѓу нив најмногу има од НБА (19), од НФЛ 11, додека фудбалот е на трето место со 8 претставници.
- Зад Роналдо на листата е голферот Џон Рам, а трет најплатен спортист за изминатава година е Меси со 135 милиони.
- Потоа следуваат Леброн Џејмс со 128 милиони долари, Јанис Антетокумбо (111 милиони), Килијан Мбапе (110), Нејмар (108), Карим Бензема (106), Стеф Кари (102). Никола Јокиќ заработил 56 милиони долари и е на 32-рото место, а Лука Дончиќ е 34-ти со заработка од 55 милион долари.