- Британското МНР ги предупреди англиските и шкотските навивачи кои ќе патуваат на Евро 2024 во Германија да знаат дека германските пива се посилни односно имаат појак процент алкохол од нивните на Островот.
- Британските власти највнимателно можно, до најситни детали го одработуваат планот за сите оние кои од нивната земја ќе патуваат на Европско првенство. Свесни за проблематиките кои може да ги направат таму англиските навивачи, Британците ќе пратат и свои полициски служби, а веќе во план е и одземање пасош на околу 1.200 проблематични лица кои се заведени во досиејата како повторувачи на прекршоците.
- Тајмс пишува дека просекот на алкохол во пивата во Британија е 4,4 а во Германија 4,7-5,4 и се се сметаат за некои 16% посилни според скалата на мерење јачина.
- Со 200 милиони долари од плата во Ал Наср и 60 милиони од маркетинг, Кристијано Роналдо по четврти пат во кариерата е најплатен спортист во светот.
- Најплатените 50 спортисти во последниве 12 месеци заработиле 3,8 милијарди долари, што е за 13% повеќе од ланскиот рекорд, делумно поради парите од Блискиот исток, пишува Форбс. 76% од тие пари ги добиле од плати, бонуси и парични награди.
- Меѓу нив најмногу има од НБА (19), од НФЛ 11, додека фудбалот е на трето место со 8 претставници.
- Зад Роналдо на листата е голферот Џон Рам, а трет најплатен спортист за изминатава година е Меси со 135 милиони.
- Потоа следуваат Леброн Џејмс со 128 милиони долари, Јанис Антетокумбо (111 милиони), Килијан Мбапе (110), Нејмар (108), Карим Бензема (106), Стеф Кари (102). Никола Јокиќ заработил 56 милиони долари и е на 32-рото место, а Лука Дончиќ е 34-ти со заработка од 55 милион долари.
- Македонските ракометни арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани од ЕХФ за финалето на елитната Лига на шампиони. Николов и Начевски ќе го комплетираат неверојатниот круг со арибтража на финале на Светско првенство, Европско првенство, Олимписки Игри и Лига на шампиони.
- На Фајнал Форот во култната „Ланксес Арена“ во Келн за трофејот ќе се борат Магдебург - Алборг и Барселона - Кил. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 9. јуни од 18:00 часот.