Серхио Љуљ е нов рекордер во Евролига, тешко некој да го стигне

Реал Мадрид лесно се справи со Басконија, славеше 90:74 во првиот меч од 1/4 финалето на Евролига во својата „Визинк Арена“. Легендата на Реал Мадрид, 37-годишниот Серхио Љуљ ја постигна 624-та тројка во својата евролигашка кариера и го надмина досегашниот рекорд на легендарниот Хуан Карлос Наваро кој имаше 623 постигнати тројки.

Серхио Љуљ е трикратен европски шампион со Реал Мадрид (2015, 2018, 2023). Во сезоната 2016/2017 беше избран за МВП, тогаш беше најдобар стрелец во цела Евролига, турнир во кој има одиграно 403 натпревари и е зад лидерот Кајл Хајнс од ЕА7 Емпорио Армани Милано кој има 425 меча во Евролига.

Интересно Серхио Љуљ во својата дебитантска сезона во Евролига 2007/2008 имал 6 шута за три и 0 погодени. Во 2008/2009 погодил 19 тројки, во 2009/2010 погодил 34 тројки колку што имал и во 2010/2011 и 2011/2012. Најдобра во кариерата му е сезоната 2016/2017 кога уфрлил неверојатни 73 тројки.

Најефикасни на мечот Реал Мадрид биле: кај „кралевите“ Џанан Муса со 16 поени, три скока и три асистенции, Факундо Кампацо со 10 поени и три асистенции и Венсан Поирие со 10 поени и 7 скока. Серхио Љуљ имал 8 поени и три скока, а Серхио Чачо Родригез 5 поени со шест асистенции. 

Кај Басконија Маркус Хауард забележил 15 поени, Коди Милер-Мекинтаер 14 поени, пет скока и четири асистенции, 14 поени имале уште и Никос Рогкавопулос и Мет Костело, а 9 поени уфрлил Вања Маринковиќ. 

Вториот меч се игра во четврток а Реал е повторно домаќин.

24 април 2024 - 10:21