Турканици во Истанбул по поразот на Фенербахче од Монако

Фенербахче имаше можност да ја заврши серијата со Монако, водеше 2-1 и со евентуален триумф на домашен паркет ќе обезбедеше пласман на големиот Фајнал Фор. Но гостите од Кнежевството славеа 62:65 и ја вратија серијата кај нив во Монако. По крајот на мечот додека бело-црвените славеа победа, домашни навивачи кои седеа покрај паркетот во прв ред, направија хаос.

 

Петтата решавачка средба се игра во среда на 8-ми мај во Монако 

4 мај 2024 - 10:13