Лука Дончиќ го разби ЛА Клиперс и Далас израмни во серијата

Во драматичен меч, кошаркарите на Далас Маверикс со 96:93 го совладаа Лос Анџелес Клиперс во вториот натпревар од серијата и направија таканаречен брејк на гости во Лос Анџелес.

Првиот натпревар од оваа интересна серија го добија Клиперси 109:97 а Далас сега успеа израмни пред дуелите на нивен паркет.

Најзаслужен за тоа беше Лука Дончиќ со 32 поени, шест скока и девет асистенции. Кајри Ирвинг додаде 23 поени со шест скока, а Пи Џеј Вашингтон имаше 18 поени и шест скока.

Кај Клиперси одново први стрелци беа Џејмс Харден со 22 поени, шест скока и осум асистенции и Пол Џорџ. Кавај Ленард кој се врати од повредата постигна 15 поени со седум скока. Дабл-дабл учинок запиша хрватскиот репрезентативец Ивица Зубац со 12 поени и 12 скока.

24 април 2024 - 09:22