- „Ја обожавам оваа индустрија, ама ме брка,“ вели Ава Харири-Киа, плус-сајз манекенка која модниот свет, заедно со нејзините колешки по величина полека ја истиснува надвор.
- Договор со агенција потпишала во 2020, тогаш кога конечно се отворија вратите за разноликост во индустријата, експеримент што им пресуди на многу компании, меѓу кои и Викторијас Сикрет.
- Во 2024 е очигледно дека полека почнуваат да се откажуваат од декларативниот диверзитет, пистите имаат сè помалку шаренило за форма на тело, а агенцијата на Харири-Киа ја отпушта. Текстот е нејзино сведоштво за запрениот прогрес што зема многу залет, а не издржа баш.
- Брендот го има создадено во 1970 и оттогаш има развиено иновативен процес за принтање на кожа и тексас, градејќи глобален моден и лајфстајл бизнис со храбри анимал-принтови и накитени фармерки. Ако блескало, било проблематично за носење без да се вртат луѓе, а не било Версаче, Кавали било.
- Кавали доаѓа од семејство уметници - дедо му, Џузепе Роси бил водечка фигура во движењето Макијајоли, со дела изложени во галеријата Уфици во Фиренца.
- „Пловеше низ Медитеранот во неговата металик-виолетова јахта, со гости и селебрити-фаци, од кои многумина носеа Кавали по црвени теписи и никогаш не се плашеше гласно да каже што мисли, без разлика дали дискутираше минимализам или секс, или што е за него лоша мода.“
- Шминкерката Пати Дуброф посочува како да ја вратиме шминката од ‘90-те на себе, адаптирана за денес. Ова „за денес“ е кажано во надеж дека нема да има нови унаказувања со чупалица, затоа што, фала богу заврши времето на четки од веѓи од пред некоја година, ама не треба ни „линиите“ да ги враќаме.
- ‘90-те инаку беа јако време за мејкап-артисти и начинот на кој стекнуваа статус на икони со помош на селебрити клиенти.
- Од тоа време се Боби Браун, Пат Мекграт и Пати Дуброф, што сега имаат неверојатни (и скапички) колекции на шминки од категорија: вреди.