Вести › Набрзинка
Теодосиевски: Читачи на мисли
-
Ние имаме генерален проблем што молчиме кога другите говорат глупости. Таквото наше премолчување ја засилува нивната илузија дека се во право.
-
Дури ќе прочитате дека новата претседателка игра „опасни игри“, (Соња Крамарска - н.з.) дека ветувала дека ќе ги претставува сите граѓани, ама „изгледа заборави на 610 илјади граѓани кои го дадоа својот глас ’за’ името Северна Македонија.“
-
И дотичната со ова веројатно – се гордее. А „заборава“, а мисли дека и ние сме заборавиле, дека излезноста на тој „референдум“ беше 36,91%, што го прави целосно неуспешен а Спогодбата од Преспа апсолутно нелегитимна!
-
Се разбира, целата таа неморална фарса со името на државата – и не само таа! – сега треба повторно да се оправдува, а треба да се замагли и овој катастрофален пораз на изборите.
-
Филмот „Северна Македонија“ ќе ни го сервираат уште долго, а „вербалниот деликт“, иако реликт од еден друг хорор филм, веќе утре ќе го трансформираат во – „мисловен деликт“. Прво за претседателката, која очигледно премногу им „боцка очи“, а потоа и за сите други. А читачи на мисли во нивните редови има едно чудо – сите „брилијантни“ квазианалитичари, предвидувачи на иднината, гледачи на рака или во стаклена топка итн. И тие секојдневно ќе проверуваат што мисли претседателката и дали тоа е по Устав и по закон. Ако не е, а нема да биде, ќе следуваат протести и цинкарење до НАТО и ЕУ.
Русјаков: По улици трчаат болдирани наслови накострешени од хистерија
- Гордана Силјановска-Давкова дава заклетва. Пет минути подоцна се вклучуваат сирени за тревога. Земјата се тресе, земјотресот е многу силен, со епицентар од Брисел до Бихаќска. По улици трчаат болдирани наслови накострешени од хистерија. Небањатите ни ја крадат иднината! ВМРО-ДПМНE ќе го укине идното време во граматиката! Силјановска-Давкова ѝ објави војна на Грција!
- Меѓу две запирки, детектирано руско влијание во победничкиот говор на Мицковски! Бродот Нордистан го крена сидрото што го влечеше кон ЕУ, дали кормилото е во рацете на Путин? Ако не се почитува Преспанскиот договор, тогаш ЕУ ќе мора да…
- Што ЕУ, бе, што… ЕУ? Почитување? Договор? ЕУ се јави да мрчи дека некој нешто не почитува?
- ЕУ која со две раце го срка грчкиот нацизам кон Македонија, а бугарскиот фашизам ни го напика во рамка, ЕУ која се помоча на сите пресуди на Стразбур против Бугарија и како тоалетна хартија ја истретира пресудата, во наша корист, на Меѓународниот суд во Хаг… ЕУ ли ќе зборувате за чест и почит? Па, жими копнехашките критериуми, нема критериум што може да ви ги измери лицемерствата.