„Природа на продажба“ - како исчезнува ендемскиот вид пеперутка Македонска сивка
24 април 2024
- Документарец на „Дома“ - едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии, во соработка со DW Europe, за редок вид кој се појавува на лето над селото Плетвар, пеперутката Сивка која игра огромна улога во локалниот еко-систем на опрашувач.
- Една од опасностите што им се заканува е што 5 од 7-те локации кои се нејзин дом се претворени во каменоломи за мермер. Но втората опасност е уште поголема, а тоа е трговијата со неа од страна на ловци кои потоа ја продаваат во форма на препариран трофеј, за само 30 евра.
- Авторите на филмот ги нарачуваат овие примероци преку интернет и успеваат да ги добијат. Ова се случува и покрај тоа што во 2011, сивката е заштитена со закон во Македонија, со што се забранува нејзиниот лов и продажба. Кој е одговорен за кршењето на законот и како оваа пеперутка од тн. „Црвена листа“ која е необврзувачка за другите држави, да се најде на списокот загрозени видови кои би биле заштитени и во странство, како и онлајн?