Почина нобеловецот Питер Хигс кој ја откри „Божјата честичка“
9 април 2024
- Физичарот Питер Хигс кој покажа како честичките помагаат во поврзувањето на универзумот, почина на 95-годишна возраст во својот дом во Единбург, објавија британските медиуми.
- Хигс ја доби Нобеловата награда за физика во 2013 година, за своите истражувања од далечната 1964-та, кои тврдеа дека бозонот помогнал да се „врзе“ универзумот со тоа што на честичките им ја дал масата.
- По серија експерименти, неговата теорија беше докажана од физичарите кои работеа во Големиот хадронски судирач во Церн, Швајцарија, во 2012 година.