Белорусија го забрани Дојче веле како екстремистичко

Белорусија ја забрани „екстремистичката“ германска телевизиска информативна мрежа Дојче веле а министерството за внатрешни работи соопшти дека локалната ДВ Белорусија била вклучена во „екстремистички активности“. Секоја понатамошна соработка со нив може да биде оценета како кривично дело а давањето информации на редакцијата носи ризик од повеќегодишен затвор.

Белоруската забрана за Дојче веле важи за цела земја и за сите информативни платформи.

Реагираше директорот на Дојче веле, Петер Лимбург,  порачувајќи дека обвиненијата против нив се тенки и не одговараат на не реалноста.

Се произнесе и германското министерство за надворешни работи:

„Владетелите во Минск со сите сили се обидуваат да ги заплашат и замолчат новинарите и медиумите“, пишува во соопштението во кое се вели дека забраната за Дојче веле е само уште едно парче од мозаикот притисоци на Лукашенко.

Бродкастерот порача дека понудата на ДВ Белорусија може да се следи преку Јутјуб и Телеграм а руското ДВ го има на Фејсбук, Инстаграм и Икс.

Репортери без граници оценија дека забраната за ДВ е само показна вежба на белоруските власти кои сакаат да го „тероризираат секој независен глас“.

Од 1994 година, Белорусија е управувана од Лукашенко кој негува тесни врски со Русија а владее со земјата со цврста рака. По неговиот реизбор во 2020 година, владата дополнително ја има засилено контролата и репресијата а според белоруската невладина организација Вјасна, најмалку 1.392 лица се затворени поради политички причини.

30 април 2024 - 13:19