Две институции, универзитетот во Остин, Тексас и Технолошкиот институт во Џорџија откриваат дека штиклите ги зајакнуваат тетивите, глуждовите и листовите и со тоа ги прават нозете посилни.
Иако на многумина им се неудобни, штиклите се корисни дури и за луѓе со проблеми со движење.
За потребите на истражувањето, екипата научници побарала од мажи и жени да носат чевли со високи потпетици секој ден, 14 недели и за тоа им направиле Чак Тејлор Ол Стар Конверс со вградени потпетици од 7 цм. Потоа, ја измериле должината на мускулите на листовите на сите учесници и цврстината на нивните тетиви. Одредувале и колку енергија се троши кога пешачат на трака пет минути и со потпетици и со рамни чевли. Луѓето што трошат помалку енергија од другите се поефикасни одачи.
После 14 недели штикли, повторно ги тестирале. Учесниците што се имале откажано од носење на штиклите - затоа што не сакале да ги носат, или едноставно им биле неудобни - не покажале промени во нозете, или одењето.
Оние пак кои постојано ги носеле, имале скратени мускули на листовите и поцврсти тетиви, а притоа станале и поефикасни одачи бидејќи користеле помалку енергија за да одат со испробаната брзина на трака - и со штикла и на рамно.
Заклучокот е дека навиката за високи штикли може структурално да ги ремоделира нозете бидејќи аголот на стапалото значи дека мускулите оперираат на пократки оддалечености, што пак влијае на мускулниот метаболизам.
Има и еден минус - студијата не следела дали учесниците имаат болки како резултат на штиклите. Други истражувања на пример покажуваат дека носењето носи еден куп проблеми затоа што се мачат грбот и стапалата.